Националната опера и балет преку својот фејсбук профил информираше дека Македонскиот национален балет ќе учествува на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара, Турција на 7 април оваа година. За прв пат, публиката ќе има можност да го види современиот балет „Патување“, кој ќе биде изведен премиерно. Балетската претстава е дело на турскиот кореограф Џан Арслан, со музика од Езио Босо. Саша Евтимова ќе го асистира кореографот, додека за костимите ќе се погрижи Марија Пупучевска, објаснуваат од Македонскиот балет при Националната опера и балет. Главните улоги ќе ги изведуваат: Саша Евтимова, Наташа Трендафилова Гицев, Симона Колиштркоска, Илијана Данилов, Ева Перковска, Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Валери Љубенко, Ендру Кук и Веселин Трајковски. Проектот е инициран од Киро Павлов, кој е одговорен за менаџментот на балетот и операта, како и Џан Арслан, кореограф од Турција.
The post Националната опера и балет со претстава „Патување“ гостува во Турција. appeared first on 365.mk.