Највкусната орев торта

ЗА ПАНДИШПАН
7 јајца
10 лажици кафен шеќер
200 г мелени ореви
3 лажици лебни трошки
50 мл рум или 1 лажица мелено кафе
ЗА ФИЛ
5 јајца
200 г чоколадо
200 г путер
5 лажици кафен шеќер
Пенесто изматете ги жолчките и шеќерот. Додадете ги изматените белки, лебните трошки потопени со румот или кафето, и оревите. Благо промешајте и нанесете ја смесата во тркалезен калап бр.24. Печете 30 минути на 180 степени. Изладениот пандишпан исечете го на половина.
Чоколадото искршено на парчиња растопете го на пареа. Пенесто изматете го путерот со шеќерот и жолчките. Додадете ги изматените белки и во филот вмешајте го изладеното растопено чоколадо.
Првата кора пандишпан премачкајте ја со фил. Ставете ја втората кора пандишпан и филувајте ја целата торта. Декорирајте со јатки ореви или по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.