Највкусниот десерт на Балканот: Направете го сами колачот од соништата, трилече

Трилечето е омилениот десерт на многумина, а во продолжение прочитајте како да го приготвите:
Состојки:
– 6 јајца
– 100 г шеќер
– 200 г брашно
– половина ќесичка печиво
– 1 ванилин шеќер
За преливот:
– 400 мл слатка павлака
– 300 мл кондензирано млеко
– 800 мл обично млеко
За вториот прелив:


– 300 г крем од карамел
Приготвување:
Изматете ги белките, па постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе бидат добро изматени, додавајте ги жолчките една по една, измешајте, па внимателно додавајте брашно измешано со прашок за печиво. Кога додавате брашно, вклучете го миксерот на најмала брзина и само малку измешајте.
Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180 степени. Оставете го пандишпанот да се олади малку, па извадете го од плех и со нож избодете го на повеќе места. Во плехот сипете слатка павлака, па на неа ставете го пандишпанот превртен наопаку – делот што бил горе, сега е долу.
Оставете го да отстои десетина минути, па потоа измешајте млеко и кондензирано млеко, па со нив прелејте го одозгора. Оставете го да отстои за убаво да го впие млекото, па премачкајте го со крем од карамел. Добра оладете го и уживајте во превкусниот колач.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.