Највкусниот леден колач

ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
5лажици шеќер
5лажици брашно
2 лажици какао
1/2 кесичка прашок за печиво
ЗА ПРЕЛИВ
220 г шеќер
200 мл вода
1 ванилин шеќер
ЗА КРЕМ
1 литар млако
12 лажици шеќер
10 лажици брашно
3 кесички ванилин шеќер
250 г маргарин
ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
100 г чоколадо
2 лажици масло
Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги брашното, какаото и прашокот за печиво, и мешајте ја смесата со лажица додека не се соедини. Нанесете ја во намрсена и набрашнета правоаголна тава. Печете 20 минути на 200 степени.
Од водата, шеќерот и ванилиниот шеќер сварете го преливот. Топлиот прелив со лажица нанесете го на изладениот пандишпан и оставете да се излади.
Во тенџере на оган ставете околу 800 мл млеко. Во преостанатото млеко размешајте ги шеќерот, брашното и ванилиниот шеќер. Додадете ја смесата во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе се згусне тргнете од оган и оставете да се излади. Додадете го маргаринот и изматете го кремот со миксер. Нанесете го на пандишпанот и изладете 30 минути во фрижидер.
Чоколадото заедно со маслото ратопете го на пареа. Нанесете го чоколадниот прелив на кремот, изладете го колачот и исечете го на парчиња.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.