Најдобриот рецепт за новогодишни путер колачиња

Доколку сте во потрага по наједноставниот рецепт за колачиња кои може да ги направите во различни форми, периодов новогодишни, со интересни шари и декорации тогаш рецептот.
Потребни состојки:
200 г путер
200 г шеќер
500 г брашно
1 јајце
Малку печиво и ванила


Начин на подготовка:
Изматете го омекнатиот путер со јајцето(едно поголемо или 2 помали) и шеќерот, па додадете го брашното и сосема малку печиво(може и без печиво). Додадете ванила за вкус и оформете не многу меко тесто, но не и да се рони. Убаво измесете го. Доколку е многу меко тестото, додадете малку брашно и оставете го 10. минути во фрижидер. Исукајте тенка кора, исечете форми по желба и печете ги на 200-220 степени околу 7-8 минути. Декорирајте ги по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.