Наједноставната пита со тиквичка и сирење

Испробајте го овој рецепт за одлично предјадење кое нема да ви одземе многу време.
Состојки:
250 гр лиснато тесто
250 гр тиквичка
250 гр свежо сирење
2 чешниња од лук
3 јајца
сол
свежо мелен бибер
морско оревче


Подготовка:
Лиснатото тесто исукајте го во дебелина од околу 3 милиметри и префрлете го во тава за печење обложена со хартија за печење.
Исечете ги тиквичките на тенки кругови и посолете ги. Оставете ги да отстојат околу 20 минути за да се ослободат од вишокот вода.
Измешајте го сирењето со сецканиот лук, јајцата и ренданото морско оревче. Додадете сол и бибер.
Смесата со сирењето распоредете ја рамномерно на тестото, додадете ги тиквичките и печете ја питата во рерна на 170°C околу половина час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.