Наједноставниот рецепт за торта

Еве како да подготвите вкусна торта кога не можете или не сакате да поминете подолго време во кујната.
Оваа торта се подготвува на едноставен начин, а еве што ви е потребно.
Состојки:
220 гр. брашно
200 гр. шеќер
100 гр. какао
Две лашички сода бикарбона
Една лажичка прашок за пециво
Две јајца
Четири лашички кафе
240 мл. млеко
Половина шолја масло
Лажичка екстракт од ванила
300 мл. слатка павлака
200 гр. шлаг
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте со путер две помали тави.
Во поголем сад промешајте брашно, шеќер, какао, сода бикарбона, прашок за пециво и сол.
Промешајте, па во средината направете вдлабнатина. Во неа додајте јајца, кафе, млеко, масло и ванила. Матете околу две минути додека состојките да се соединат, па потоа смесата истурете ја во тавите.
Печете околу 30-40 минути. Оставете ги корите да се оладат. Изматете слатка павлака, премачкајте преку едната корка, одозгора ставете ја другата корка, а на врвот намачкајте го претходно изматениот шлаг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.