Најинтересниот тренд оваа сезона: Овие панталони со сигурност ќе ги обожувате

Оваа сезона на располагање имаме најразлични трендови, па секој може да пронајде нешто според својот вкус.
Оваа година, повеќе отколку некогаш порано, модните дизајнери беа креативни и нѝ понудија безброј модни избори. Актуелно е сè, од женствени комбинации до оние малку полежерните.
Но, еден тренд помеѓу нив особено се издвојува – станува збор за ѕвонарки со широк крој.
Овие панталони стануваат сè поактуелни, а изгледаат многу интересно доколку се искомбинираат на вистински начин. Со оглед на тоа дека се доволно широки, се препорачува да се носат со тесни маички, кошули или блузи. Доколку сте со пониска градба, задолжително комбинирајте ги со високи потпетици.
Многу елегантно и моќно изгледаат во комбинација со сако, на кое ќе додадете и ремен.
Како што веќе споменавме, тие можат да бидат дел од елегантниот, но и лежерниот стајлинг, во зависност од остатокот на гардеробата.
Модните експерти никако не советуваат овие панталони да се носат со широки џемпери или дуксери затоа што во тој случај вашата фигура ќе изгледа лошо.
На овој тренд не одолеа ниту Викторија Бекам, а таа е некој на чиј стил треба да се угледате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.