Најнездравиот начин на подготовка на овесни снегулки

Утврдено е дека овесните снегулки ги намалуваат воспаленијата, холестеролот и крвниот притисок. Но, поради начинот на кој ги подготвувате, можат да станат исклучително нездрави.
Најнездравиот начин на подготовка на овесни снегулки подразбира додавање слатки намирници како шеќер, мед и парчиња чоколадо, вели нутриционистот Амбер Панконин.
Додавањето шеќери на исхраната може да биде штетно по здравјето на срцето, како и да ги поништи делотворните ефекти од овесните снегулки.
Петнаесетгодишно истражување објавено во JAMA Internal Medicine откри дека луѓето кои внесувале 25 проценти или повеќе дневни калории во облик на шеќери имале двојно повеќе поголем ризик од умирање од срцеви заболувања во однос на оние чија исхрана содржела помалку од 10 проценти додаден шеќер, пишува Eat This, Not That.
„Наместо дополнителен шеќер обидете се да користите свежо или замрзнато овошје како јагоди или боровинки за дополнителен вкус. Иако ова овошје додава природни шеќери, вашето срце ќе биде поздраво отколку да додавате шеќери од други извори“, додава таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.