НАЈНОВО: 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања!

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Бенјамин Нетанјаху доби гаранции од Варшава: Нема да биде уапсен ако дојде на комеморација на холокаустот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доби гаранција од полскиот премиер Доналд Туск дека нема да биде уапсен доколку дојде на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.Нетанјаху претходно одлучи да не …
Маж уапсен под сомнение дека подметнал пожар во Лос Анџелес: Имал „шише со пропан или фрлач на пламен“ (видео)
Полицијата во Лос Анџелес уапси маж кој, според очевидци, се обидел да запали пожар во областа Вудленд Хилс во Лос Анџелес.Иако органите на прогонот започнаа истрага, сè уште не е …

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.