Најраспространетите погрешни верувања за менструацијата и контрацепцијата

3. За време на менструацијата не е возможно да се забремени

Шансите се секако помали отколку за време на плодните денови, но бројни примери сведочат за тоа дека ова претпоставка е погрешна. Да имате сексуални односи за време на менструацијата без никаква заштита е слично на играње руски рулет. Може да помине добро, но не може целосно да се исклучи ризикот од бременост, бидејќи оплодување е возможно дури и тогаш. Овулацијата започнува отприлика две недели пред менструацијата, но може да варира. Ако се помести за неколку дена и започне брзо после менструацијата, додека сперматозоидите кои успеале да влезат внатре се сѐ уште живи (просечниот век не им е точно одреден, но може да живеат и до пет дена) – ќе ги имате сите услови за оплодување.

4. Спиралата не е пожелна кај девојките

Жените кои веќе родиле, почесто се одлучуваат за спирала, но факт е дека нема никакви проблеми да ја користат и девојките. Поголемиот дел од девојките можат веќе после првата менструација да користат спирала како заштита од бременост, а таа се препорачува како добра алтернатива во случајот на пречувствителност на естроген.

5. Нормално е менструацијата да биде болна и тука нема помош

Жените чувствуваат различни болки пред и за време на циклусот, во комбинација со обилни и долготрајни менструации. Некои жени се жалат на болни гради и половина, чувство на отеченост и главоболка и им помагаат обични аналгетици, а некои добиваат мигрени кои предизвикуваат мачнини и повраќање и имаат грчеви кои се толку интензивни и болни што може да се споредат со породилните болки и аналгетиците помагаат малку или воопшто немаат дејство. Оваа состојба не треба туку-така да се прифати. Докторот може да помогне за да се пронајде решение, а тоа често лежи во примена на соодветни пилули за контрацепција, кои ја ублажуваат непријатноста и го прават периодот пред и за време на менструацијата поподнослив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.