четврток, 12 ноември 2026
Најново

Најраспространетите погрешни верувања за менструацијата и контрацепцијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Резултатите од бројни истражувања за тоа колку младите знаат за контрацепцијата и менструацијата, не се баш добри. Се покажало дека голем број млади не се доволно запознаени со фактите за сексуалното здравје, дека девојките имаат некои погрешни верувања за менструацијата и дека на многумина им е непријатно да се посоветуваат со гинеколог за контрацепција, како и да разговараат со своите партнери за тоа. Погледнете кои се најчестите митови и вистините зад нив.

1. Пилулите не се добри, бидејќи со нив немаме вистинска менструација

Постои многу распространето убедување дека менструацијата ја чисти матката од микробите и мртвите клетки и дека пилулите за контрацепција го поништуваат тој ефект, бидејќи тоа не е „вистинска менструација“. Науката тврди дека не постојат никакви медицински причини за ова верување. Ако менструацијата трае пократко, посиромашно или дури понекогаш изостане што може да се случи доколку користите пилули за контрацепција, тоа не е штетно за вашиот организам

2. Потребна е пауза од пилулите, за организмот да заздрави

Многу жени сметаат дека е потребно да направат пауза од неколку месеци при редовното земање пилули за контрацепција. Со современите пилули, оваа пауза ја губи својата смисла, а понекогаш, баш напротив, дури и штети. Всушност, постои ризик од тромбоза што е најголем на почетокот на земањето пилули, а потоа се намалува. Со други зборови, ако се направи пауза, поголем е ризикот од тромбоза. Таблетите исто така нема да имаат намалено делување после паузата – времето на земање нема никакво влијание врз тоа.

Поврзани вести