Најубавата зимска салата: Царска туршија

Потребни состојки:

1 кг црвени пиперки

2 кг зелка

700 гр моркови

5 струка целер

1-2 главици карфиол

шеќер

сол

оцет

2 аспирина

Подготовка:

Сите состојки исечкајте ги или изрендајте ги на големина по желба и ставете во тегли. Во секоја тегла ставете 1 лажица шеќер, 1 лажица сол и 4 лажици оцет, како и два аспирина.

Зовријте ја водата и додека е врела налијте во теглите така што количината ќе биде до врв. Добро затворете со капачиња, свртете ги теглите неколку пати и оставете ги да стојат на ладно и темно место.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.