недела, 15 ноември 2026
Најново

Најчевска до Силјановска: Ајде Гоцо дај ни пресметка колку кошта одржувањето, сервисирањето на авионот?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи упати остри критики во врска со најавите за набавка на нов владин авион и изјавите дека користењето на службено летало е поекономично од комерцијалните летови.

Таа ја оспори тезата дека летањето со владин авион е поевтино и побара јавно да се презентираат сите трошоци поврзани со неговото функционирање.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ај престанете да се измотавате со тоа приватниот авион.

Па уште и онаа нашата сенилна претседателка излегла и не убедува дека е поевтино да се лета со владиниот авион отколку со комерцијален лет.

Ајде Гоцо дај ни пресметка колку кошта одржувањето, сервисирањето на авионот?

Колку коштаат сите луѓе кои се ангажираат за ова одржување и сервисирање?

Па пилоти на платен список?

И стјуардеси?

Посебно горивото и такците кои се плаќаат за користење на различни аеродроми?

Ајде бре престанете да лажете и да ги расфрлате парите на граѓаните“, порачува професорката во својот статус.

Поврзани вести