Најчести семејни новогодишни кавги

Периодот кој престои е време за дружење, се е некако свртено кон семејните традиции, кон славење на животот. овој период според многумина е најсреќниот период од целата година.

Сите обврски кои ќе си ги натоварите овој период знаат по случајност да ви го расипат новогодишното расположение, а најчести мети за истурање на бесот се најблиските.

Путин одликуваше со орден тројца тинејџери кои спасуваа луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус
Рускиот претседател Владимир Путин им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол. – За …
Најголем број туристи од Бугарија и Русија, еве колку Македонци ја посетиле Србија во март
Србија во март ја посетиле 153.155 странски туристи, што е за 9,7 отсто повеќе од март 2023 година, а најмногу пристигнати има од Бугарија – 14.278 …

Пред вас се најчестите причини кои можат да ви го уништат пред новогодишното расположение:

СВЕКРВАТА

Проблем: Неговата мајка постојано непрекинато бара, дава замерки на вашите вештини како домаќинка, а тој тврди дека тоа таа го прави само за да ви помогне.

Решение: Доколку тој не е во ситуација да ви го реши проблемот, бидете вие тие кои ќе ја преземат иницијативата. Не бидете пасивно-агресивни преку грбот на вашиот сопруг. Обратете и се директно и одлучно кажете те и дека нејзиното однесување не придонесува кон смирена атмосфера.

ПАРИТЕ

Проблем: Вие сакате да направите повеќе трошок а вашиот сопруг е против тоа.

Решение: Сложете се за новогодишниот буџет уште денес, јасно поставете ја границата колку сакате да потрошите. Без кавги постигнете компромис и не барајте кривец доколку се потрошат и повеќе пари од планираното.

ЛОКАЦИЈА

Проблем : Тој сака кај неговите вие сакате кај вашите

Решение : Не го правете овој проблем поголем од што е. Не го напаѓајте својот партнер заради неговата желба. Доколку компромисот не е можен тогаш договорете се Новогодишната ноќ кај вашите, а Божиќ кај блиските на партнерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.