На гробот на Гоце ќе дојдат и Македонците од Србија. Џамбаски нема да пријде!

Македонци од Србија најавија дека на 4 февруари доаѓаат во Скопје.

Од Партијата на Македонци во Србија соопштија дека ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев, а како што се вели во нивната порака до бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, нема да му дозволеле да пријде до црквата Св.Спас.

На гробот на Гоце ќе дојдат и Македонците од Србија. Џамбаски нема да пријде!

„По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје.

Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија“, велат од Партијата на Македонци во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.