На денешното рочиште за „Монструм“ исказ ќе даваат лекари од судска медицина и балистичари

Денес ќе се одржи ново рочиште во Кривичниот суд во Скопје за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, познат како случај „Монструм“. Ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари. На претходното рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал.
За овој случај со доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмајловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута. Во декември минатата година, откако судскиот процес беше вратен од почеток, обвинетите беа пуштени да се бранат од слобода.
Семејствата на убиените нема да присуствуваат на денешното рочиште затоа што би било премногу болно за нов да ги слушаат исказите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.