На парламентарните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 23. јуни ќе учествуваат 66 политички партии, од кои 61 се во двете големи коалиции што ги предводат Демократската партија на премиерот Сали Бериша и Социјалистичката партија на Еди Рама.Портпаролот на државната изборна комисија Дрилона Хоџај информираше дека во понеделникот завршил рокот за доставување на кандидатските листи во кои има регистрирано и двајца независни кандидати, а за уште еден кандидат кој се пријавил како независен се води постапката дали тој ги исполнува условите .Лидерот на десницата и актуелен премиер Сали Бериша изјавил дека очекува неговата коалиција нова изборна победа.На листата на партијата на Бериша се наоѓаат и тројца познати политичари кои беа исклучени од редовите на Социјалистите.Коалиционен партнер на Бериша е и партијата на Македонците во Албанија – Македонската Алијанса за Европска интеграција на лидерот Едмонд Темелко .Претседателот на Социјалистите Еди Рама кој коалицираше пред изборите со партијата на екс премиерот Илир Мета – Движење за Социјалистичка интеграција најави исто така победа, карактеристично е тоа што во листите на Социјалистите не се наоѓаат неколку познати имиња на левицата, лидерот Рама тоа го објасни како освежување со млади кадри на партијата .
МакфаксНа парламентарните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 23. јуни ќе учествуваат 66 политички партии, од кои 6