понеделник, 23 ноември 2026
Најново

На крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на ОВИЕ седум земји

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор.

Според него, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.

Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај.

Поврзани вести