На половина лице нанела пудра од 70 евра, а на другата пудра од 5

Наместо да фрлаат пари за скапи оригинали, поголемиот дел од жените се одлучуваат да купат копии по драстично пониски цени и со тоа да заштедат пари.

Популарна блогерка од Нов Зеланд Шенон Харис неодамна на своите следбеници открила дека пронашла совршена замена за скапа пудра од брендот “Yves Saint Laurent” која чини 70 евра. Таа како замена купила пудра која чинела помалку од 5 евра.

– Мислам дека пронајдов многу добра копија за скапата YSL која инаку ми е омилен бренд козметика. Ќе ви покажам во видео на кое на едната половина од лицето ќе нанесам скапа пудра, а на другата копија од 5 евра, рекла блогерката.

Како изгледало сето тоа погледнете во видеото:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.