На продолжениет на судењето за 27 април сведочеше шефот на обезбедувањето на Велјановски

Обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви ги затекнал пратеникот Крсто Мукоски и член на собраниското обезбедување со греди од вратите на Собранието во рацете. Во своја одбрана ова пред судот го кажа обвинетиот Ѓошевски-Леви, шефот на кабинетот на поранешниот собраниски спикер и претседавач со Конститутивната седница, Трајко Вељаноски, раскажувајќи за минатогодишните случувања од 27 април.
Тој раскажа дека ја видел толпата од прозорец на Законодавниот дом и се симнал по скалите и по пат го сретнал Јохан Тарчуловски, а го видел и обвинетиот Мукоски како со колега од собраниското обезбедување, Владимир Стојков во раце држат греда од врата на Собранието. Тој исти така посочи дека го видел и Абдуљфета Алими кого го прашал каде се клучевите од вратите.
„Се доближив до Абдуљфета и го прашав каде се клучевите. Тој ги извади од џеб и му паднаа клучевите. Кога се наведнав да ги земам слушнав тресок, видов толпата како влегува, му ги дадов клучевите и му реков: Бегај горе“, изјави Леви. И појасни дека службите за обезбедување без писмено барање од претседавач не смеат да имаат физички контакт со пратениците.
„Во холот пред кабинетот на претседавачот имаше специјалци. Кога толпата влезе тие се доближија кон мене и викаа: „Каде е предавникот Трајко Вељаноски што дозволи да се пее странска химна во Собранието. Имаше и лица со фантомки, а меѓу нив и полицајци во маскирна униформа“, објаснуваше Леви.
Леви според неговата изјава бил задолжен за безбедноста на Вељановски и да го однесе во таканаречената „блиндирана соба“ доколку процени дека е тоа потребно. „Од безбедносни причини не би смеел да кажам каде се наоѓа оваа блиндирана безбедносна соба и како таа се активира. Мојата надлежност тој ден беше само да го заштитам животот на претседавачот“, рече обвинетиот Ѓошевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.