Вчера околу 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Вера Јоциќ“ на 83- годишниот Д.Т од Скопје му се слошило, паднал на улица и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
На Клиника била констатирана смрт без траги на насилство. Телото на починатиот било предадено на обдукција.