На Џенифер Лопез ѝ бил забранет влез во бутикот на Шанел во Истанбул: Реагирала како што не би реагирале многу други ѕвезди

На американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ѝ било забрането да влезе во бутикот на Шанел во трговскиот центар Istinye Park во Истанбул, објавија локалните медиуми. Таа реагираше на начин на кој многу други ѕвезди не би реагирале.

Кога обезбедувањето ѝ рекло дека не може да влезе, Лопез не изгледала вознемирено и само рекла: „Добро, нема проблем“ и си заминала. Вработените во бутикот потоа ѝ се приближиле, се извиниле и ја поканиле повторно да влезе, што таа го одбила.Американските новинари го контактираа менаџерот на пејачката за веста, но не добија одговор. Сè уште не е јасно зошто не ѝ било дозволено да влезе. Наместо во Шанел, таа пазарувала во други луксузни бутици како што се Селин и Бејмен.

Таа, исто така, одржа концерт во Истанбул на 5 август како дел од нејзината турнеја „Up All Night“. Таа го прослави својот 56-ти роденден во Анталија кон крајот на минатиот месец, а дел од атмосферата сподели на социјалните мрежи.

Пејачката ќе ја заврши гореспоменатата турнеја на 10 август, кога ќе настапи во Алмати, Казахстан.

Пронајдете не на следниве мрежи: