НБА: Дебакл на Њујорк, СА подобри од Оклахома

Само екипата на Денвер забележа победа на теренот на противникот на петте натпревари кои во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот се одиграа во НБА лигата.Костас Куфос постигна 22 поени на кои придодаде 10 скока, а Денвер победи во Феникс со 108:93. Покрај Куфос кај Денвер, кој сега има девет победи во серија, уште се истакнаа Кори Бруер (20 поени) и Тај Лосон (19 поени, 6 асистенции).Во Сан Антонио играа двете најдобри екипи во Западната конференција, Сан Антонио предводен од Тијаго Сплитер (21 поен, 10 скока) ја совлада Оклахома со 105:93. Кевин Дурент со 26 и Расел Вестбрук со 25 поени беа најефикасни во редовите на Оклахома, која го забележа првиот пораз по серијата од пет победи.Голден Стејт го декласира Њујорк со победата од 93:63, Стефон Кари со 26 поени односно Дејвид Ли со 21 поен и 10 скокови беа најефикасни играчи на Голден Стејт. Крис Копланд кај Њујорк уфрли 25 поени, еден помалку постигна повратникот во тимот Кармело Ентони. Примените 63 поени е најдобриот дефанзивен учинок на Голден Стејт уште од 1953 година кога екипата играше во Филадлефија.Јута го надигра Детроит со 103:90 – Мо Вилијамс постигна 20 поени, а Ал Џеферсон имаше учинок од 16 поени и 10 скокови.Филаделфија со победата над Бруклин од 106:97 ја прекина серијата од пет порази. Спенсер Ховс со 24 поени, 10 скока и седум асистенции ја предводеше екипата до победата.Одличен учинок од 26 поени, 13 асистенции и шест скока кај Бруклин имаше Дерон Вилијамс. На овој натпревар Вилијамс ја мина границата од 10.000 постигнати поени во кариерата.
МакфаксСамо екипата на Денвер забележа победа на теренот на противникот на петте натпревари кои во ноќта помеѓу понедел

Пронајдете не на следниве мрежи: