НБА мечот со Голден Стејт го играа пред – 68.000 гледачи

Поранешниот НБА шампион, Сан Антонио Спарс ја игра една од најужасните сезони во најсилната кошаркарска лига, со скор 13-30 и иако загубија од Голден Стејт Вориорс со 113-144, мечот ќе се памети поради новиот рекорд по посета – 68.000 навивачи.

Точно 68.323 гледачи имаше на синоќешниот меч во „Аламодом“, како дел од прославата за 50-годишницата од франшизата, а во овој спортски храм Спарс првпат станаа шампиони во 1999 година од кога почна златната ера до 2014 година и во кој период беа освоени пет шампионски титули. Арената „АТ&T“ е сегашниот дом на Сан Антонио, откако се преселија во него, после девет години играње во „Аламодом“ од 1993 до 2002 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: