петок, 27 ноември 2026
Најново

Неверојатен резултат: Четири различно градени жени облекле ист костим за капење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Четири жени со потполно различни облици на телото облекле ист број на костим за капење, со што испратиле моќна порака. Плус сајз манекенката Сони Тарнер објавила фотографија на Инстаграм на која позира со колешките Бриел Анјеа, Бела Голден и Џорџија Гибс.
На фотографијата, четирите девојки носат едноделен костим за капење на кој стои пораката “love. your. body” односно “сакај го своето тело”. Она што манекенките сакале да го нагласат е дека фотографиите не се ретуширани.
“Убавината и телата доаѓаат во различни облици, големини и типови. Оние кои не се согласуваат со тоа, живеат во 19-ти век”, напишала Сони Тарнер.
Сите четири дами на фотографијата носат големина XL.

Just four different women in love with their skin ❤ Bold, brave, beautfiul #LoveAnyBODY @higgsy7

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

A post shared by Any BODY (@any.body_co) on


“Погледнете колку сме различни, но сепак на некој начин сме еднакви. Позитивен совет: престанете да ја гледате убавината во другите, гледајте ја во себе. Личноста покрај вас можеби е преубава, но тоа не значи дека вие не сте. Без оглед на величината, обликот или етничката припадност, секоја жена треба да се чувствува најдобро на плажа”, додала Сони.

Поврзани вести