Невестите лудуваат за овие необични штикли кои се продаваат со неверојатна брзина

Постојат неколку работи на кои треба да обрнете внимание при изборот за штикли за венчавката.
Сакате вртоглаво високи потпетици кои ќе им измамат воздишки на повеќето вљубенички во чевли, или сепак удобноста ви е најважна? Дали му давате предност на впечатливиот дизајн или пак попрво би одбрале класика која ниту за десет години нема да изгледа смешно?
Но, иако на прв поглед изгледа како невозможна мисија да се пронајдат едни чевли кои ќе ги обожуваат сите невести – сепак постојат и такви.


Ако чевлите се вашата опсесија, тогаш сигурно многупати сте го слушнале името Софија Вебстер.
Иако е најпозната по своите вртоглаво високи штикли, украсени со пердуви, во интервју за „The Telegraph“, открила дека невестите му даваат предност на сосема друг модел.
„Штиклите во ледено сина боја се распродаваат секој пат“, рекла Вебстер.
А ако ги сакате овие неверојатно сини чевли, ќе мора да издвоите најмалку 450-500 евра, во зависност од висината на потпетиците и стилот кој ќе го изберете.


Сепак, најавила и нови модели.
„Ќе додадам некои нови стилови во нашата колекција за невести и нашата продавница ќе ја претворам во совршена дестинација за сите идни невести“, ветила талентираната дизајнерка и открила дека своите чевли секогаш ги дизајнира со цел изгледаат неверојатно на фотографиите. Па, изгледа дека и тоа како ѝ оди од рака, бидејќи чевлите со нејзиниот потпис го одземаат здивот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.