Невреме на југоистокот, граѓаните пријавуваат штети

Невреме со обилни врнежи од дожд и силен ветер во попладневните часови го зафатија југоистокот на државата. Најпогодени се Делчево, Ново Село, како и делови од струмичко и радовишко.

Пожарникарите од Струмица информираа дека интервенирале на пожар на штала и сува трева и на отстранување на паднато дрво на коловоз во Ново Село.

Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски апелираше до граѓаните да не излегуваат доколку немаат неодложна потреба, а оние кои сакаат да помогнат на терен да се јават на телефонот на Територијалната противпожарн единица во Делчево.

– Доколку имате потреба од итна помош или се соочувате со проблеми предизвикани од невремето, ве молам веднаш обратете се на дежурната линија на 112 и 193 на телефонскиот бројна ТППЕ Делчево, каде што ќе добиете соодветна помош и насоки. Воедно, ги повикувам сите хумани граѓани кои сакаат доброволно да помогнат во активностите на терен, да се пријават на телефонот на ТППЕ Делчево, по што ќе добијат информации и упатства за нивно безбедно вклучување во акциите, објави Гоцевски на Фејсбук.

The post Невреме на југоистокот, граѓаните пријавуваат штети appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: