Невролог: Мозокот сака вежбање

Лесен тренинг од 10 минути, односно вежбање дома, може да ви ги подобри менталното здравје и когнитивните функции, тврди неврологот д-р Венди Сузуки.
Денес е многу тешко да се задржи мотивацијата за вежбање, но многу е важно да се биде активен барем неколку минути секој ден, вели д-р Венди Сузуки, невролог од Универзитетот во Њујорк, која ги проучува ефектите на вежбањето врз мозокот .
Таа верува дека дури и неколку минути пешачење или 10-минутно вежбање со онлајн упатства не само што може да ви го подобри денот, туку и да донесе трајни придобивки за здравјето на мозокот.
„Со вежбање градиме целосно нови мозочни клетки. Се менува анатомијата, физиологијата и работата на вашиот мозок. Вежбањето е неврохемиска топла бања за мозокот и овие бањи го штитат од состојби како што се Алцхајмерова болест и деменција“, вели д-р Сузуки и додава:
„Секојдневниот тренинг ги зголемува невротрансмитерите како што се допамин, серотонин и норадреналин, кои влијаат на расположението, а со тоа и на подобрата меморија, и дека дури и неколку часа по вежбањето можете подобро да се фокусирате на задачите“, вели д-р Сузуки.
Таа неформално го тестираше ова со група студенти на еден од нејзините онлајн часови во 2020 годин. Учесниците направија брза проценка на вознемиреноста во траење од пет минути, а потоа ги изненадија со 10-минутен тренинг.
По вежбањето, студентите повторно го започнаа оценувањето и се покажа дека вознемиреноста значително се намалила, во просек. Затоа е важно да се вклучи вежбање во секојдневниот живот, бидејќи тоа му помага на вашето ментално и когнитивно здравје.


За жал, нема едноставен одговор на прашањето колку треба да вежбате за да го постигнете тоа: околу 5 склека или 10 кревања на раце автоматски не ослободуваат одредена количина допамин.
Д-р Сузуки препорачува да се обидеме да вклопиме 30-минутни сесии за вежбање во распоредот најмалку 3 до 4 пати неделно. Но, идеално би било да вежбате по малку секој ден.
Таа верува дека дури и одењето може да ги стимулира невротрансмитерите и да обезбеди придобивки од доброто расположение.
Вежбањето има многу позитивни ефекти врз здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Ако во зградата каде што живеете има скали, одете по скали наместо со лифтот. На тој начин, можете да ја зголемите вашата мотивација за вежбање.
Вежбајте кога и да ви одговара, нема прецизни совети за тоа. Некои претпочитаат да вежбаат наутро, други ќе забележат дека за нив вежбањето е поефикасно навечер.
Прилагодете го времето на вашиот биоритам. Прифатете ги сите достапни опции и пронајдете го најдобриот начин за вежбање што ви одговара каде и да сте на отворено или во вашата соба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.