Недела останува неработен ден

Недела останува неработен ден. Иницијативата на Стопанската комора со која бараше да се укинат одредбите од законоите за раб0тни односи и за трговија падна на Уставен.
Шестмина наспроти еден судија бил денешниот исход од гласањето што значи дека нема да се поведе постапка.

Иницијативата на Стопанска комора беше поднесена во јануари. Според нив одредбите со кои недела стана неработен ден освен за дејностите со исклучок, се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво. Дел од судиите на расправата пред еден месец беа на став дека треба да се отфрли иницијативата, а само еден судија кој најави и издвоено мислење сметаше дека законската измена е спротивна на уставот.
„Апсолутно не може да се доведе во прашање дека со оспорениот Закон се повредуваат уставните одредби. Со оваа иницијатива се индивидуализира и конкретизира едно право кое со Уставот се гарантира. Кога станува збор за права што Уставот ги гарантира тие добиваат на значење“,-Осман Кадриу, Уставен судија.

Недела останува неработен ден

„Сметам дека начинот на кој законодавецот сака да ја постигне оваа цел е уставно проблематична. Дел од наводите во иницијативата се основани. Остава простор за различни толкувања. Како се утврдува кои се тие технолошки процеси, кој го цени тоа.“-Дарко Костадиновски, Уставен судија.
Судиите денеска гласаа за иницијативата, бидејќи во септември немаа мнозинство за одлука.Уставниот суд сега има седуммина судии со изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева, но за една недела ќе остане со еден помалку со пензионирањето на судијката Вангелина Маркудова. Изборот на Љубомир Јовески останува заглавен во собранието а уште еден судија треба да дојде на предлог на Судскиот Совет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.