Нежна и шик: Каква боја носат Французинките ова лето?

Ова лето, Француските дами се инспирирани од бојата на сонцето …

Лето, сонце – топли денови и убаво време ни нудат совршена можност да ја опремиме нашата гардероба со воздушни фустани, здолништа и нежни маици или блузи. Се разбира, можеме да експериментираме со бои повеќе од вообичаено.

За да добиеме инспирација за бојата, оваа година ќе погледнеме кон Франција. Имено, француските жени претпочитаат сосема необична нијанса… Ова лето, француските жени се инспирирани од бојата на сонцето, односно носат парчиња облека со нежен жолт тон.

Жолтата боја носи пријатна свежина на нашиот изглед, дури и кога некои денови се облачни или дождливи.

За да може жолтата боја да дојде до израз и да му даде изглед на летната нота, жолтите парчиња облека треба да бидат изработени од  лесни материјали. Можете да комбинирате жолта со бела, беж, сина или со нежни крем тонови. Покрај тоа, облечете неколку едноставни убави сандали или бели патики и сето тоа зачинете го со шик торба и вашиот летен изглед е подготвен!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.