Незаборавен вкус: Ризото со шкампи

Ова јадење посебно ќе им се допадне на љубителите на морски плодови
Потребни состојки:
1 лажица растително масло
2 чешниња лук
шери домат
450 грама исчистени шкампи
150 грама варен ориз
70 грама грашок
70 грама пченка
2 лажици соја сос
1 изматено јајце

Начин на подготовка:
Загрејте го маслото, додајте ситно исечкан лук и запржете го кратко. Додајте го шери доматот, исечкан на четвртини и пржете го околу 3 минути. Потоа, додајте ги шкампите и динстајте околу 4 минути. Додајте ги оризот, пченката и грашокот и уште малку динстајте го сето тоа заедно. Потоа, додајте го јајцето, добро измешајте и динстајте уште 3 минути.
Послужете го јадењето додека е топло и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.