Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар во зграда во центарот на Брисел. Најверојатно телата биле пронајдени во лифт на зградата која била во фаза на реновирање. Според извештаите, пожарот е ставен под контрола.
Најмалку шест лица се водат како исчезнати, јавуваат медиумите во Белгија, повикувајќи се на локалните власти. Пристапот до другиот лифт бил првично блокиран, и не може да се исклучи дека внатре има уште тела.
Три лица беа повредени, а уште две лица беа однесени во болница со изгореници . На еден пожарникар му беше пружена помош на местото на настанот поради топлотен удар.
Пламен избувна во вторник наутро во зградата „Окси“ на плоштадот Брукер во Брисел – точно во центарот на градот, во пешачка зона. Зградата има станови, ресторани и бар на покривот. Порано служеше како административен центар на белгиската престолнина.



