четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Немам разговарано со Мицкоски за кандидатура за градоначалник на Скопје“, вели Перински

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека досега немал разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за евентуална кандидатура за градоначалник на Град Скопје, но не ја крие својата амбиција.
„Не, немам разговарано. Чекаме да ги видиме анкетите, па потоа ќе биде одредено кој ќе биде кандидатот. Апсолутно би прифатил ваков предизвик и имам таква амбиција. Чим е искажано, значи ја посакувам. Но, да почекаме да видиме кого партијата ќе го предложи како нов кандидат за градоначалник на Скопје“, изјави Перински во „Click Plus“ на ТВ21.

Поврзани вести