четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нема да го поддржиме Договорот од Преспа, повтори Мицотакис

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на Солун лидерот на грчката опозициска “Нова демократија“, Кирјакос Мицотакис уште еднаш го повтори ставот дека нема да го поддржи Договорот од Преспа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис, уште еднаш истакна дека тие не можат да поддржат договор што отстапува македонски јазик и македонска националност.
-Секако од овде, од нашата Македонија, имаме и еден долг повеќе да се посетиме на славните страници од нашата историја. Бидејќи почнува реализацијата на настани што се на товар на националните интереси, повторно да потсетиме дека ние како Нова демократија нема да поддржиме никаков договор што отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи, рече Мицотакис од Солун.

Поврзани вести