Не постои човек на планетава кој што не обожува мафини, а овој рецепт е неверојатен – направете си мафини и тоа без брашно.
Потребни состојки:
– 3 јајца;
– 2 шолји гриз (100 грама);
– 1 шолја кокос;
– 1 шолја шеќер;
– 1 шолја брашно;
– 1 шолја масло за јадење;
– 1 шака суво грозје;
– 200 милилитри јогурт;
– 1 прашок за печиво;
– 1 ванилин шеќер;
– Кора од лимон;
– Лимонов сок;
– 1 шолја вода.
Подготовка:
Изматете ги јајцата со две лажици шеќер, додадете го гризот, прашокот за печиво, кокосот, маслото за јадење, сувото грозје, кората од лимон, лимоновиот сок и сè добро измешајте.
Наполнете ги калапите за мафини и печете на 190 степени околу 30 минути. Додека колачот се пече ставетеја водата со шеќерот во кој што ќе додадете и ванилин шеќер и половина лимон, на оган.
Сирупот изладете го, а потоа прелијте ги мафините откако ќе се испечат.
Доколку калапите имаат дупка на средината, тогаш наполнете ги мафините со некој овошен џем по вкус.
Пријатно јадење!