Нема криза за богатите: Луксузните чанти на познатите брендови се трошат “како алва”

Француската компанија Ерме, која произведува луксузни чанти „Биркин“ и „Кели“, забележа раст на продажбата од 23 отсто во првите три месеци од оваа година.

Минималната цена на луксузните чанти е 5.630 евра.
Финансискиот директор на компанијата Ерме, Ерик ду Алжиер, објави дека компанијата профитира од „многу динамичен сообраќај“, пред сè во Азија, што беше поттикнат од „многу добрата кинеска нова година“, пренесува Гардијан.

Добри продажни резултати беа забележани и во Италија и Англија, а побарувачката беше толку голема што компанијата Ерме беше принудена да отвори нови фабрики и да го зголеми производството.
Херме своите популарни чанти ги нарече по познатите актерки Грејс Кели и Џејн Биркин.

Ерма чантите станаа омилени меѓу многу богатите и познатите, вклучувајќи ги Викторија Бекам, Кејти Холмс, Рита Ора и Кели Брук.
Викторија Бекам во својата колекција има повеќе од 100 Биркин чанти, кои се проценуваат дека вредат повеќе од 1,69 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.