Необичен, сочен и исклучително вкусен десерт: Рецепт за домашни кнедли со нутела кои сите ќе ги обожувате

Вкусот на овој десерт никој нема да го остави рамнодушен, па поради тоа ви препорачуваме да го пробате.
За кнедли:
– 750 грама компири;
– 1 жолчка;
– 3 лажици масло за јадење;
– 7 лажици гриз;
– 21 лажица брашно;
– прстофат сол.
Останато:
– нутела (или друг еурокрем по избор);
– путер;
– презла;
– шеќер.


Подготовка:
Сварете ги компирите, па згмечете ги откако ќе се изладат, додадете ја жолчката, солта, маслото, гризот и брашното, па замесете тесто.
Формирајте топчиња од тестото па во секое од нив ставете по една лажица нутела, обликувајте кнедли и варете во зовриена вода.
На путерот испржете ја презлата, измешајте со шеќерот, па извалкајте ги кнедлите.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.