Необична пица Вегетаријана

ЗА ТЕСТО
200 мл топла вода
пола лажица шеќер
пола лажица сол
2 лажици маслиново масло
5 г сув квасец
по потреба брашно(пола интегрално+пола бело)
ЗА ФИЛ
15 тина шери домати
половина главица кромид сечен на кругови
70 г шампињони
50 г црни маслинки
2-3 лажици доматен сос
малку босилек
малку оригано
неколку свежи листови рукола
четвртина авокадо
Се става квасецот во топла вода, заедно со малку шеќер и малку брашно и се остава 5-10 минути да се запени. Потоа се додаваат солта, маслото, брашното(околу 400г ) и се меси мазно тесто.
Се дели на 3 дела и се оставаат да отстојат 20-тина минути. Од секое парче се сука кора голема колку тавчето(бр 24,или 26) се редат одозгора сечените на половина шери домати, кромидот исечен на кругови, сечканите маслинки и шампињони, босилекот и ориганото.
Се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15-20мин. Откако ќе се испечи одозгора се сечка авокадо и се редат листови рукола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.