Неодолива кремпита: Кремасто богатство од вкусови кои ги обожуваат сите генерации

Денеска ви претставуваме рецепт за божествен десерт кој ќе ги задоволи сите вкусови.
Потребни состојки:
– 2 л. млеко
– 500 мл. вода
– 250 гр. густин
– 40 лажици шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 6 јајца (одвоени белките од жолчките)
– 6 лажици брашно
– 250 мл. павлака за шлаг
Плус: кори за кремпита


Начин на припрема:
1. Ставете ги млекото и шеќерот на тивок оган да зовријат, а за тоа време во посебен сад ставете вода, додајте ги жолчките, густинот и брашното, па добро изматете.
2. Во зовриеното млеко изматете ја мешавината на вода и жолчки, па згответе го кремот.
3. Во друг сад, изматете ги белките во цврст снег, па полека и постепено додавајте ги во врелиот крем.
4. Добиениот крем ставете го на кора лиснато тесто и оставете го да се излади.
5. Во изладениот крем додајте ја изматената павлака за шлаг, па ставете ја втората кора од лиснатото тесто.
6. Изладете ги кремпитите уште малку, а потоа послужете ги.
Пријатен апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.