Неодолива мусака со сирење

Има денови кога сакате брз ручек во кој не треба да вложувате премногу труд.
Овој рецепт е решението за вас, а покрај тоа што е едноставен и брз за припрема, тој е и многу вкусен, а вашите членови на семејството ќе го обожуваат.
Потребни состојки:
• 2,5 килограми компири
• 2 децилитри млеко
• 3 децилитри кисела павлака
• два црвени кромиди
• 50 грама тврдо сирење
• ловоров лист
• чешне лук
• путер
• сол и бибер
Начин на припрема:
1. Во сад, ставете го млекото и додадете го лукот и ловоровиот лист. Гответе 2-3 минути, а потоа извадете го лукот и ловорот и оставете млекото да се излади.
2. Во садот со млекото додадете ја киселата павлака и посолете.
3. Кромидот исецкајте го на коцки и пропржете го на путер, на тивок оган.
4. Компирите исецкајте ги на тенки кругчиња. Земете подлабок сад за печење и премачкајте го со путер. На дното наредете ги кругчињата компири, потоа додадете го динстаниот кромид, а потоа повторно наредете компири и зачинете со сол и бибер.
5. Потоа, врз компирите додадете го млекото заедно со киселата павлака.
6. Прекријте го садот со алуминиумска фолија и ставете го да се пече на загреана рерна (180 степени Целзиусови) на 45 минути.
7. Наросете со тврдо сирење, а потоа вратете ја мусаката уште неколку минути во рерна за да добие златножолта боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.