Неодоливи ќофтиња – Брзи и лесни за подготовка

Послужете ги со пире од компири и салата.

Состојки:

  • 500 гр. мелено месо;
  • 5 лажици презла;
  • 1 дл. млеко;
  • 2 јајца;
  • 1 мал кромид;
  • 2 чешниња лук;
  • 1 лажичка сенф;
  • сол и црн пипер;
  • путер за пржење.

Подготовка:
Измешајте презла и млеко и оставете да набабри. Во меѓувреме, исечкајте ги кромидот и лукот. Измешајте ги сите состојки во една смеса. Со раце формирајте топчиња и ставете ги на подмачкана чинија или плех. Ставете ги во фрижидер најмалку 30 минути. На путер пропржете ги топчињата.
Откако ќе ги испржите сите ќофтиња, во тавата во која сте ги подготвиле додадете коцка путер и оставете да се растопи. На растопен путер пропржете една лажица брашно да се добие густ сос и налејте вода. Сами проценете ја количината, но приближно 150-200 мл. течност. Погрижете се да не се згрутчи. Посолете, ставете бибер и малку крем за готвење, па варете го сосот додека не добие свиленкаста текстура и средна дебелина. Вратете ги ќофтињата во сосот и посипете ги со ситно сечканиот магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.