Неодоливо ароматичен десерт: Крамбл со јаболко и цимет

Крамбл (Crumble) е традиционален британски десерт, кој го добил своето име по својата ронлива текстура. Буквалниот превод од англиски јазик значи “да се рони”.
Овој десерт од ронливо тесто и сезонско овошје освојува со својата едноставност во припремањето и неисцрпните варијации. Може да се додадат јаболка, вишни, цреши, боровници, јаткасти плодови, суво грозје, овесни снегулки…
Ние денеска ви претставуваме рецепт за миризлив крамбл со јаболка и цимет.


Потребни состојки:
За фил:
– 450 гр. јаболка
– 50 гр. кафеав шеќер
– 1 лажица брашно
– 1 прстофат мелен цимет
Останато:
– 300 гр. брашно
– 1 прстофат сол
– 175 гр. кафеав шеќер
– 200 гр. путер + ½ лажичка путер
Начин на припрема:
1. Загрејте ја печката на 180 Целзиусови степени. Ставете го шеќерот и брашното во голем сад и добро промешајте.
2. Путерот, стоплен на собна температура, ставете го во смесата со брашното. Мешајте сè додека не добиете смеса слична на покрупни мрвици.
3. Ставете ги излупените јаболка, без семки и исечкани на парчиња, во голем сад и наросете со шеќер, брашно и цимет. Сè добро измешајте.
4. Намастете го калапот за печење со половина лажичка путер. Внатре ставете ги јаболката, а врз нив истурете ја смесата од брашно, путер и кафеав шеќер.
5. Печете од 40 до 45 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.