Неодоливо крцкав турски ѓеврек: Рецепт за посно пециво кое останува свежо со денови

Иако многу домаќинки користат мед за покривање на ѓеврек кога ги подготвуваат дома, она што му дава на овој ѓеврек специфична боја, крцкавост и сладост е меласата.

Сите што биле барем еднаш во Турција, морале да пробаат симит, локалниот ѓеврек валкан во сусам. Рецептот што го користат турските домаќинки и пекари се пренесува од колено на колено, а она што ги разликува нивните ѓевреци од оние што сме навикнати да ги купуваме во нашите пекари е употребата на меласа во која тестото се потопува пред печењето.

Меласа, густ темен сируп добиен од производство на шеќер, може да се купи во продавниците за здрава храна и да се користи за правење симити кои остануваат свежи со денови.
Подготовка:
Загрејте 350 милилитри вода додека не стане млака, па тргнете ја од шпорет, додадете една лажица брашно и сув квасец, промешајте и оставете да отстои десетина минути.

Истурете го брашното во сад (држете една лажица настрана за да го подготвите преливот), додадете го активираниот квасец и солта, па замесете меко тесто. Кога тестото ќе почне да се трга од страните на садот, покријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне еден час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.