Неодоливо слатки сендвичи со сладолед, потопени во чоколадо

Овој лесен, едноставен, сладок рецепт ќе го обожаваат сите дома – од најмладите до најстарите, како и сите ваши пријатели. Одличен за освежување и моментите кога не сте баш расположени за правење на комплицирани десерти.
Направете си слатки, мини сендвичи со сладолед по ваш избор, потопете ги во чоколадо и уживајте во денот.


Потребни состојки (за 4 колачи):
4 големи лажици сладолед по вкус (чоколаден, ванила, шумско овошје итн.)
8 чоколадирани кружни бисквити
85 g млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Секоја од четирите топки сладолед, избран според вашиот вкус, ставете ја помеѓу 2 чоколадни бисквити. Образувајте мали сендвичиња и ставете ги најмалку 15 минути во замрзнувачот за да се стегнат.
Во меѓувреме, стопете го чоколадото на пареа. Потопете ја само едната страна од слаткото сендвиче и вратете ги сите повторно во замрзнувачот да се оладат, околу 5 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.