Неодолив вкус: Италијански сладолед од кафе, направете сами

Италијански сладолед од кафе. Звучи неодоливо, нели? Направете сами!
Потребни состојки:
9 жолчки од јајце
200 грама шеќер
500 мл млеко
125 грама кафе
300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Мешајте ги жолчките и шеќерот додека не добиете кремаста смеса.
Ставете ги млекото и кафето во сад на оган и чекајте смесата да почне да се вари, а потоа тргнете го садот настрана и почекајте да се излади десетина минути. Процедете го кафето и смесата истурете ја во садот со жолчките и шеќерот. Повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.
Смесата што ќе ја добиете по мешањето ставете ја на оган на температура од 85 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.