Неодолив пилав со јагнешко и лук на узбекистански начин

Пилав е добро познато јадење кое го има во многу кујни, но овој оригинален рецепт кој доаѓа од Централна Азија ќе ви донесе поинаков вкус и нешто ново на вашата трпеза.

Традиционалниот рецепт за пилав во Узбекистан подразбира користење разноврсно месо, а најчесто се прави со јагнешко. Наместо печење, Узбекистанците долго го варат, а дури на крајот додаваат добро измиен ориз. Во узбекистанскиот пилав можете да додадете лута пиперка за да биде пикантен.

Потребни состојки:
1 кг ориз
1 кг јагнешко
1 кг моркови
1 кг кромид
2 лути пиперки
неколку главици лук*
*Узбекистанците традиционално готват со цели главици лук, а не чешниња, за подобар вкус.

Подготовка:
Оризот измијте го неколку пати, па процедете го и пропржете го околу 5 минути на суво и загреано тавче. Месото исечкајте го по желба, како и кромидот и морковите. Во голема тава загрејте масло, па додавајте една по една главица лук. Пржете додека не добијат златна боја, а потоа извадете ги, а додадете го сечканиот кромид. Кога ќе омекне и добие кафена боја ставете го месото, па пржете некои 10-15 минути. Потоа додадете морков и пржете уште 3 минути. Промешајте, па додадете зачини по желба, што повеќе – тоа подобро, па прелијте со вода што врие и ставете цела лута пиперка. Поклопете и кратко динстајте. После 2 минути додадете ориз, па додадете уште вода која треба да го покрие оризот. Кога водата ќе испари, додадете исчистени главици лук, поклопете и намалете ја температурата и гответе уште 5 минути

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.