Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата е едно од имињата опфатени во денешната акција на Обвинителството за гонење на органзиран криминал и корупција координирана со МВР.
Неофицијално опфатени се триесетина физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје.
Покрај Ковачевски, осомничени се и поранешни директори на ЕСМ, меѓу кои и П.М и вработен З.П. кко и В.С поранешен директор во рудник.
Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.
Неофицијално опфатени се неколку правни лица, од ОЈО ГОКК за Инфомакс ја потврдија акцијата и најавија повеќе информации во текот на денот.





