НЕПРИЈАТЕН МИРИС „ТАМУ ДОЛЕ”

Непријатниот мирис кој доаѓа од вашите интимни делови често е резултат на потење на тој дел од телото. Сосема е вообичаено вагината на жената да има свој уникатен мирис.

Мирисот може да варира, во однос на менструалниот циклус, како на пример, од слаб до посилен мирис. Овие промени се нормални, но ако мирисот почнува да станува посилен и не може да се толерира, најдобро е да го посетите вашиот гинеколог за да ги дознаете причините поради кои се случила ваквата промена.

ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС?

Непријатниот мирис најчесто е предизвикан од зголемено присуството на бактерии. Оваа состојба е наречена bacterial vaginosis, а се манифестира со силен мирис кој потсетува на мирисот на расипана риба.

Овој мирис, исто така, може да биде предизвикан од инфекција со vaginalis тrichomonas паразит, која е безопасна и може да се излечи со соодветен третман утврден од вашиот гинеколог. Некои жени забележуваат непријатен мирис од вулвата после сексуален однос, особено кога семето е ејакулирано во внатрешноста.

Како што веќе рековме, непријатниот мирис, може да биде предизвикан од прекумерно потење, што најчесто е резултат на носење облека направена од несоодветен материјал. Ова се однесува на било каков вид на синтетички долна облека, одредена спортска облека и хулахопки. Имајте на ум дека влажната и испотена животната средина е совршена почва за бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис.

ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ГО СПРЕЧИТЕ НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС?

Испитувањето од страна на вашиот гинеколог ќе покаже дали причината за непријатен мирис е некоја од горе наведените бактериски инфекции. Со оглед на причината, вашиот гинеколог ќе ви даде соодветен третман кој треба да го отстрани овој проблем. Пред да се подложите на испитување, може и самите да направите неколку едноставен и некомплицирани чекори за подобрување на вашиот вагинален мирис и за да го спречите прекумерниот раст на бактерии. Следниве совети можат да направат чуда за вашите интимни делови:

  • Мијте ги интимните делови, најдобро е тоа га до правите темелно со вода или пак користете неароматичен сапун со pH вредност која одговара и е за таа намена;
  • Ако е можно, носете памучна долна облека (која, исто така, може да биде многу секси!) и спортска облека која и дозволува на вагината да „дише”, што значи дека треба да е изработена од памук или други природни материјали;
  • Спијте во широка, комотна облека направена од природен материјал, а избегнувајте тесни синтетички пижами;
  • Не користeте вагинален туш, т.е. не ја измивајте внатрешноста на вагината, освен ако тоа не ви го препорача гинекологот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.