Нетанјаху ги нападна САД и МКС: Како да издале наредба за апсење на Рузвелт и Черчил – Израел постапува подобро отколку американската војска во Ирак!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се спореди себеси со Винстон Черчил и Франклин Делано Рузвелт во вторникот и го нападна Меѓународниот кривичен суд поради барањето налог за апсење против него и највисокиот одбранбен функционер на неговата влада за воени злосторства во Појасот Газа.

Во интервју за Си-Ен-Ен, израелскиот лидер остро го критикуваше соопштението од Хаг како „безобразно“ и го опиша главниот обвинител на меѓународниот трибунал Карим Кан како „нечесен обвинител кој постави лажни обвиненија и создаде лажни симетрии кои се и опасни и лажни“.

МКС побара налози за Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „целосна опсада на Газа од страна на израелските одбранбени сили“, заедно со водачот на Хамас Јахја Синвар и двајца од командантите на групата за воени злосторства извршени на 7 октомври врз израелски цивили.

Хаг „ги поистоветува демократски избраните лидери на Израел со терористите, тираните на Хамас“, изјави Нетанјаху на Си-Ен-Ен. „Тоа е исто како да се каже дека, добро, јас издавам налози за апсење за Рзвелт, Черчил, но не и за Хитлер“.

Оспорувајќи ги обвинувањата дека Израел не успеал да ги минимизира цивилните жртви, Нетанјаху тврдеше дека израелските одбранбени сили постапиле многу подобро отколку американската војска во ирачкиот град Фалуџа за време на војната во Ирак во 2003 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: